Еден од најтрофејните фудбалери во историјата, сепак ќе мора да оди во затвор и тоа во траење од 4,5 години и тоа поради силување. Имено судот во Барселона, по долгиот судскио процес, донесе одлука со која Бразилецот е осуден на затворска казна во траење од 4,5 години.
Познато е дека тој се бранеше, во неколку наврати го менуваше исказот, но сепак не успеа докрај да се одбрани.
Прогласен е за виновен и ќе мора да лежи во затвор. Во пресудата стои и казната од 5 години условно, со цел Бразилецот и некогашен фудбалер на Барселона, Јувентус… да не го повтори делото.
На девојката ќе мора да и плати 150.000 евра а секако да ги плати и судските трошоци.
Обвинителството бараше казна од 9 до 12 години, и затоа достави жалба до судот.