Ако до пред некоја недела се беше во рамките на шпекулациите, од денеска веќе е и дефинитивно. Тони Крос (34), искусниот играч за врска на Реал Мадрид се враќа во репрезентација на Германија и тоа во март за пријателските средби на репрезентацијата, а тоа значи дека ќе игра на ЕУРО 2024 за Германија, земја која е домаќин на ЕП.
Ова Крос го сподели на своите социјални мрежи:
„Убеден сум дека оваа репрезентација може да направи посебни нешта на ЕП“ покрај другото напиша Тони Крос.
Инаку тој беше дел од “панцерите“ кога во 2014 година на СП во Бразил станаа светски прваци.
Се откажа од репрезентацијата во 2021 по дебаклот на ЕП, но сега еве се врати.