Зарем е можно? Најбараниот германски фудбалер е недостижен сон за Баерн Минхен!

1131

Ете и тоа се случи во германскиот фудбал. Најбараниот германски фудбалер е недостижен сон за Баерн Минхен, за најбогатиот, најмоќниот, најтрофејниот и најголем клуб во Германија.

Познато е дека низ поблиската историја “баварците“ од своите конкуренти ги купуваа нивните најдобри играчи и со тоа ги ослабнуваа а Баерн Минхен владееше и освојуваше пехари на домашна сцена.

Сепак времињата се сменија. Имено како што пишува “Билд“ најбараниот германски играч, Флоријан Вирц (20), ѕвездата на Баер Леверкузен, по се изгледа идниот шампион на Бундеслигата, е премногу скап за “баварците“.

За него “фармацевтите“ бараат 130 милиони евра, а тој бара 15 милиони евра годишна плата од Баерн, инаку сега зема двојно помалку.

По ова клубот од Минхен се откажал од евентуален трансфер на Вирц во јуни.

ПретходноМајсторот останува мајстор: Погледнете што прави Роналдињо! (ВИДЕО)
СледноЛегендарниот Германец: Не би одбил понуда од С. Арабија вредна 100 милиони евра по сезона!