Македонската кошаркарска репрезентација ги прави последните подготовки пред утрешната пресметка против Естонија на домашен терен, прва во квалификациите за пласман на ЕП 2025 година. Противникот е фаворит на мечот во Скопје, голем дел од играчите се интернационалци играат во Шпанија и Германија, па нивната предноста е токму тоа. Сепак во нашиот тим не ја губат вербата, домашниот терен и тимската игра можат да донесат изненадување на стартот кое ќе го реши и патот кон кам-бекот на европската сцена.
„Очекувам добра и тимска игра, на овој начин можеме да ги изненадиме Естонците, поточно да ги победиме“, е првиот коментар на Лејсон Зекири, кој вели дека секоја пружена шанса од страна на селекторот Александар Јончевски ќе ја искористи максимално:
„Колку ќе играм тоа ќе одлучи тренерот, јас сум подготвен да дадам се од себе за да ги направам навивачите горди“.
Периодот за подготовка е пет дена, а Македонија веќе долго време е во овој состав, па според Зекири е доволно за подготовка против Естонија.
„Пет дена не се малку, но и ниту најмногу, имаме по два тренинзи дневно, тоа ќе биде доволно за подготовка. Дел играчите веќе долго време се заедно, станува збор за професионалнци кои се познааваат, што пак е предност“.