Синоќа се одиграа два меча од 1/8 финалето во Лигата на Шампионите. Во Неапол домашниот Наполи и Барселона одиграа 1:1, додека по Порто домашните славеа над Арсенал со 1:0.
Инаку синоќа се испиша историја во најквалитетното екипно фудбалско натпреварување.
Имено Пепе (Порто) со 40 години и 360 дена стана највозрасниот фудбалер кој играл во нокаут фазата во ЛШ. Да кажеме дека не се сметаат голманите.
Од друга страна Ламине Јамал (Барселона) со 16 години и 223 дена стана најмладиот кој играл во ЛШ во нокаут фазата.