ЛЕ и ЛК: Во Загреб ќе “гори“ – Ристовски и Динамо на чекор до фантастичен успех!

228

Вечерва ќе се одиграат повеќе реванш мечеви од плеј-офот за пласман во 1/8 финалето во Лигата на Европа и Лигата на Конференции.

Секако дека најголемо внимание на овие простори предизвикува вториот дуел од оваа фаза во ЛК и тоа во Загреб на “Максимир“ меѓу Динано и Бетис. Познато е дека минатата недела на гостувањето во Шпанија, нашиот интернационалец Стефан Ристовски и другарите славеа со 0:1, па сега им е потребно и реми за пласман понатаму, за фантастичен успех.

Секако дека на “Максимир“ ќе гори, секако дека Динамо е на чекор до следната фаза, но и Бетис си има свои сметки. Шпанскиот клуб е сака со победа среде Загреб да си ја оствари целта.

Мечот започнува во 18.30 часот.

Во продолжение можете да ги видите кој се игра вечерва во оваа фаза од ЛЕ и ЛК:

ЛИГА ЕВРОПА – РЕВАНШИ

18:45 Ч

Фрајбург – Ленс (0:0)

Карабах – Брага (4:2)

Рен – Милан (0:3)

Тулуз – Бенфика (1:2)

21:00 Ч

Рома – Феенорд (1:1)

Марсеј – Шахтјар (2:2)

Спарта Прага – Галатасарај (2:3)

Спортинг – Јанг Бојс (3:1)

*Во загради се резултатите од првите мечеви

ЛИГА КОНФЕРЕНЦИИ – РЕВАНШИ

18:45 Ч

Бодо/Глимт – Ајакс (2:2)

Динамо Загреб – Бетис (1:0)

Лудогорец – Сервет (0:0)

21:00 Ч

Франкфурт – Ројал Унион (2:2)

Ференцварош – Олимпијакос (0:1)

Легија – Молде (2:3)

Слован – Штурм (1:4)

*Во загради се резултатите од првите мечеви

ПретходноОдржана работилница со лицата задолжени за односи со медиумите на клубовите од ПМФЛ! (ФОТО)
СледноИсториска ноќ во ЛШ: Пепе е највозрасниот кој играл во нокаут фазата, а Јамал е најмладиот! (ФОТО)