Екипите на Милан и Бенфика се пласираа во осминафиналето на Лигата на Европа откако денеска ги елиминираа своите ривали во првата нокаут-фаза од второто по ранг, европско натпреварување.
По удобната победа од 3:0 на Сан Сиро, Милан загуби во Франција со минимали 3:2, кои не променија ништо значајно во битката за осминафиналето. Илан двапати израмнуваше, но Рен на крајот успеа да дојде до јалова победа.
Тулуз и Бенфика одиграа без голови, што беше резултат кој му одговараше на португалскиот тим, откако дома славеше со 2:1.
Дуелот меѓу Карабаг и Брага ќе биде решен во продолженија, исто како и мечот во Фрајбург, каде Ленс имаше 0:2, но германскиот тим се врати и израмни за продолженијата.