Литванците ја прегазија Полска на стартот на квалификациите во нашата група

215

Литванија и Полска, преостанатите два ривали на нашата кошаркарска репрезентација во циклусот за пласман на Евробаскетот 2025 година, денеска ги отворија квалификациите во нашата група.

Земјата на кошарката, Литванија, не дозволи никакви сензации и дојде до убедлива победа над Полска со 83:64. Доминацијата на овој меч јасно покажува дека Литванците ќе бидат супер-фаворит во нашата група, каде ние утре почнуваме со домашен меч против Естонија.

Олисевичиус со 20 и Гидраитис со 13 поени беа најефикасни кај Литванија, додека во составот на Полска се издвои Соколовски кој заврши со 26 поени.

ПретходноЃоковиќ го потврди настапот и на Мастерсот во Мајами
СледноКЛ: Динамо (З) со реми на „Максимир“ го елиминираше Бетис за осминафинале (ВИДЕО)