Лоша вест за Барселона, Левандовски си оди на крајот на сезоната?

758

Роберт Левандовски конечно се врати во форма. Полјакот прво постигна два гола на натпреварот против Селта во Ла Лига, а веќе синоќа блесна во Лигата на шампионите. Во првиот осминафинален натпревар Барселона ремизираше 1:1 во Неапол, а Полјакот беше единствениот стрелец за шпанскиот тим.

Тоа беше негов вкупно 18 гол оваа сезона. Навивачите на Барселона, секако, се воодушевени што тој конечно влегува во форма.

Без разлика на се, Роберт Левандовски на лето би можел да го напушти клубот. Се поради поголемата заработувачка, но и поради многу лошата економска ситуација во која се наоѓа Барселона веќе неколку години.

„Ако понудата е добра, мислам дека клубот сериозно би можел да размисли за негова продажба“, изјави новинарот Бернат Солер во интервју за полските медиуми.

Масло на тие гласини додаде поранешниот фудбалер Тејлор Твелман. Тој истакна дека патот на Америка и МЛС лигата може да биде и Антоан Гризман.

„Мислам дека на лето, по Европското првенство и Копа Америка, ќе се пишува за трансфери на големи имиња, а ако ги објавам сега, ќе мислат дека сум луд, рече тој, а потоа продолжи:

“Да претпоставиме дека Роберт Левандовски и Антоан Гризман ќе пристигнат во фудбалската голема лига ова лето. Нема да одат во Интер Мајами. Што ќе прави тогаш Атланта? Ако го продадат Тиаго Алмада за повеќе од 25 милиони евра, јасно е дека нема седи со скрстени раце и ќе донесе некого на негово место“, изјави тој за Дејли Мејл.

Останува да видиме што ќе се случува на лето. Јасно е дека платата од 26 милиони евра е големо оптоварување за буџетот на Барселона, кој и онака, жаргонски кажано, врзува крај со крај.

ПретходноНеверојатно: Во Формула 1 повторно “летаа“ капаци за шахти на патеката! (ВИДЕО)
СледноСкопје и Парк склучија „пакт“ за посилни младински екипи