Неверојатно: Во Формула 1 повторно “летаа“ капаци за шахти на патеката! (ВИДЕО)

600

Ако лани сиот свет им се смееше на организаторите на трката во Формула 1 во Лас Вегас, со оглед на тоа дека на патеката имаше неправилно наместени капаци за шахти и тие просто “летаа“, сега тоа истото се случи на патеката во Бахреин.

Имено на патеката “Шакир“ која важи за една од најмодерните во светот, во два наврати дојде до мал инцидент. Прво Шарл Леклер (Ферари) удри во капакот кој полета и го оштети болидот, а потоа и Луис Хамилтон (Мерцедес) удри таму каде што не требаше и тоа не по своја вина.

Интересно е тоа што овие двајца следната сезона ќе бидат тимски колеги во Ферари.

Еве погледнете како полета капакот на шахтата кога врз него помина Хамилтон со својот болид…

ПретходноТрајковски ќе ја претставува Македонија на СП во Глазгов! (ФОТО)
СледноЛоша вест за Барселона, Левандовски си оди на крајот на сезоната?