Не престануваат трагичните вести поврзани со семејството Милојевиќ. Синот Дејан почина пред еден месец во САД како помошен тренер на Голден Стејт, минатата недела беше погребан во Белград. Инаку станува збор за некогашен познат кошаркар а до неговата смрт и познат кошаркарски тренер.
Денеска, како што јавуваат медиумите во Србија, починал и неговиот татко Милан Милојевиќ.
Не се наведуваат причините за неговата смрт.