Фудбалската федерација на Македонија организираше работилница наменета за лицата во клубовите од Прва и Втора МФЛ и Прва женска фудбалска лига задолжени за односите со медиумите.
Во дигиталната ера која постојано се развива, улогата на лицата одговорни за односите со јавноста е клучна во обликувањето на јавната перцепција за фудбалските клубови, играчите и другите засегнати страни.
Семинарот имаше за цел да ги подготви и да им даде насоки на одговорните лица во клубовите за ефективно управување со односите со медиумите и обезбедување точна и навремена комуникација со јавноста и медиумите.
Беа опфатени низа теми, вклучително и управување со социјалните медиуми и користењето на најдобрите практики за одржување позитивни односи со новинарите. Учесниците на работнилницата беа вклучени во интерактивни сесии кои покриваа различни теми, но фокусот беше ставен на проактивен медиумски ангажман, искористување на моќта на платформите на социјалните медиуми, односите со новинарите и потребата од интервјуирање и изјави.
Веруваме дека овој семинар ќе биде од корист за подобрувањето на нивните професионални способности и придонесот за севкупниот успех на нивните клубови. Исто така, ќе поттикне посилни канали за комуникација помеѓу клубовите, медиумите и пошироката фудбалска заедница, а тоа ќе придонесе за севкупниот успех и угледот на клубовите во нашата држава.