Иако сеуште е рано Пеп Гвардиола да размислува за заминување од Манчестер Сити, со оглед на тоа дека има договор до јуни 2025 година, сепак тој откри што би сакал да прави откако ќе си замине од таборот на европскиот првак, па кога тоа и да биде.
Инаку тој во Сити е од 2016 година:
“Мојата желба е после Сити да водам репрезентација. Сакам да учествувам како селектор на репрезентација на ЕП и СП. Сепак за да се оствари тоа некој треба да ме посакува. Да работиш за репрезентација некој ќе мора да ти понуди договор, исто како во било кој клуб“ малку на шега изјави Пеп, ако се знае дека сите селекции во Европа па и во светот би сакале да го имаат токму него за селектор.