Првиот човек на Ц.Звезда најави „Дрим тим“: НБА ѕвезда, најдобрите домашни играчи…

3532

Небојша Човиќ со години е на чело на КК Црвена звезда. Тој донесе голем број врвни играчи во клубот, а како гостин во подкастот „Лука и Кузма“ најави големи работи за следната сезона.

Првиот човек во црвено-бело има големи планови. Дресот на Црвена звезда во следната сезона би можеле да го носат некои многу познати имиња од светот на кошарката. Меѓу нив е и Никола Калиниќ.

„Ќе кажам за Никола Калиниќ. Заинтересирани сме и работиме на тоа“, откри Човиќ, а потоа донесе вистинска бомба. Тој тврди дека клубот се обидува да го врати Никола Јовиќ од НБА.

„Ние сме заинтересирани и за Никола Јовиќ. Сакам да успее во НБА, но доколку не игра таму, би сакал да го видам овде. Тоа што Петрушев замина во Олимпијакос е наша грешка“, изјави Човиќ.

И тоа не е се што најави првиот човек на КК Црвена звезда. Клубот е заинтересиран и за Марко Гудуриќ.

„Интересен ни е Марко Гудуриќ. Тој е еден од играчите кои ги споменавме. Целта ни е да имаме пет добри домашни играчи, пет странци и пет млади кошаркари“, изјави претседателот на КК Црвена звезда.

Амбициите и плановите на Човиќ се огромни. Финансиски не се недостижни бидејќи Црвена звезда со огромна помош на српската држава во претходните години носеше исклучително скапи играчи и тренери.

Оваа евролигашка сезона на Црвена Звезда не оди според планот. Белградскиот клуб е само на 16. позиција со сооднос 10 победи и 16 порази и многу мали шанси за пласман во плеј-офот.

ПретходноКирил Изов: Грузија е незгоден противник кој во последно време бележи добри резултати!
СледноОдржана работилница со лицата задолжени за односи со медиумите на клубовите од ПМФЛ! (ФОТО)