Второлигашот Скопје од Автокоманда и фудбалската академија „Парк“, склучија договор за соработка, со што двете страни во иднина со заеднички сили ќе настапат во младинските лиги на ФФМ и турнирите на кои ќе се учествува.
Со овој договор академијата на Сергеј Самсоненко која ја вода Ѓорѓи Христов и Саше Милошевски најдоа решение околу тоа како и на кој начин нивните млади фудбалери ќе се натпреваруваат низ постоечкиот систем на ФФМ. За да се натпреваруваат кадети и млaдинци секој тим мора да има и сениорска екипа.
ФК Скопје и Академијата „Парк“, се надеваат на голем успех во иднина и видни резултати од нивната заедничка соработка. Со овој потег и младинските екипи на тимот од Автокоманда влегува во поорганизиран и попрофесионален пристап кон фудбалскиот развој на младите таленти.