На натпреварот меѓу екипите на Ал Итихад и Навбахор (2:1) во реваншот од осминафиналето на азиската Лига на шампиони, се случи еден страотен прекршок, кој на крајот сосема очекувано беше санкциониран со црвен картон.
Кон крајот на натпреварот, во осмата минута од судиското надополнување, играчот на Навбахор, Јован Ѓокиќ, направи страшен фаул откако со високо крената нога со копачката го удри в глава еден од фудбалерите на Ал Итихад.