Откако сега веќе е јасно дека Томас Тухел и Баерн Минхен по завршување на сезоната ќе се разделат, медиумите во Германија откриваат кој е тој клуб кој што е желба на Тухел каде би ја продолжил својата кариера.
Имено покрај Барселона, германскиот тренер ја “мерка“ и клупата на Манчестер Јунајтед. Тој на своите блиски им кажал дека сака да се врати во Премиерлигата и дека после Челзи би сакал да биде тренер на Манчестер Јунајтед.
Дали Јунајтед е заинтересиран за него тоа е друга приказна.
Инаку Томас Тухел досега како тренер ги предводел екипите на Мајнц, Борусија Дортмунд, ПСЖ, Челзи и сега Баерн Минхен.