Чави: Заслуживме повеќе!

169

Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, беше разочаран по ремито 1-1 со Наполи во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите. Тој смета дека неговиот тим заслужи да извади повеќе од овој натпревар, но немал смиреност да ја контролира играта откако дојде во водство.

„Заслуживме повеќе. Нашата стратегија функционираше добро и поведовме со 1-0. Она што го немавме беше потребната смиреност за да можеме да ја контролираме играта со тој резултат. Ова е Лигата на шампионите и нашиот противник постигна гол со нивниот прв удар на натпреварот. Требаше да ја задржиме топката повеќе и да го префрлиме натпреварот на нивната половина, но генерално тимот се претстави добро“, рече Чави.

Предводникот на каталоснкиот гигант потенцира дека победите ќе доаѓаат почесто, ако продолжат да играат на овој начин.

“Имавме шанси да постигнеме повеќе голови. Добро се справивме во контра-нападите. Среќен сум што поголемиот дел од натпреварот мина како што планиравме. Од друга страна лут сум затоа што заслуживме повеќе. Тоа не е добар резултат затоа што требаше да победиме. Овој натпревар е симбол на нашата сезона – требаше да победиме, но тоа не се случи. Меѓутоа, кога играме вака добро, победите ќе почнат да доаѓаат почесто од загубите“, додаде тој специјалист.

ПретходноВелемајсторија на Лионел Меси на стартот на сезоната (ВИДЕО)
СледноИма 110 килограми: Противниците не сакаат да се борат со неа (ВИДЕО)