Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ се најде на списокот на учесници за Мастерсот во Мајами кој ќе се игра од 17 до 31 март, потврдија организаторите на турнирот.
Српскиот тенисер не е на теренот уште од Австралија Опен. Во текот на следниот месец го очекува настап на два Мастерс турнири, оној во Индијан Велс од 6 до 17 март, а потоа и во Мајами од 17 до 31 март.
Нолр славеше петпати на Мастерсот во калифорниската пустина, последен пат во 2016 година, а фановите последен пат имаа можност да го гледаат на Мастерсот во Индијан Велс во 2019 година.
Од друга страна, Рафаел Надал нема да биде на Флорида, затоа што се уште се опоравува од повредата со која се здоби на почетокот на годината.