Лионел Меси на отворањето на сезоната во МЛС со одлична игра и спектакуларни потези го предводеше Интер Мајами до победа од 2:0 над Реал Солт Лејк.
Аргетинецот за прв пат од 2020 година играше со можеби неговиот омилен соиграч. Луис Суарез дебитираше за клубот на Бекам, а тој и Меси работеа брилијантно заедно. По нивната акција, Диего Гомез го постигна вториот гол на Мајами, а Меси го намести Тејлор за првиот.
Меси беше одличен од самиот почеток. Веќе во 6. минута предизвика овации кога еднаш се ослободи од двајцата ривали кои го чекаа на аут-линијата протнувајќи ја топката низ нозе.
Classic Leo Messi nutmeg 🥜pic.twitter.com/Qxx9uF8ZQM
— Leo Messi 🔟 Fan Club (@WeAreMessi) February 22, 2024