Добро второ полувреме за Пелистер, но победа за Кил!

283

Пелистер го запиша 12-от пораз во низа во Лигата на шампиони. На гостувањето кај Кил, актуелниот македонски првак беше поразен со 29-23 (19-10). Лошо прво полувреме и достојно второ полувреме за битолскиот тим.

Богдан Радивојевиќ со шест гола беше прв стрелец, зад него со четири гола е Пешевски, 11 одбрани запиша Лесјак, една Кизиќ од седум метри. На другата страна Скипаготу имаше осум погодоци, додека пак Беласен запиша 10 одбрани.

Бундес-лигашот не му остави простор на македонскиот првак ниту во еден момент да се надева на сензација, отвори со 6-1 по девет минути игра, нешто подоцна беше 8-2, додека пак на средината на првото полувреме беше 11-4. Домашниот тим не застана тука, во 24 минута го запиша првото двоцифрено водство 17-7. На одморот резултатот беше 19-10.

По само четири минути игра, Кил ја запиша третата двоцифрена предност (22-12) откако Пелистер влезе во серија на технички грешки. Сепак битолскиот тим имаше свој блесок, ја зацврсти одбраната, успеа да направи серија од 6-0 и да намали на 22-17 во 42 минута, на другата страна Кил цели 11. минути беше без постигнат гол. Данке го прекина овој „молк“ за 23-17.

Пелистер со голот на Кузманоски во 53. минута со два гола во низа намали на 25-20. Беласен запиша две интервенции едно по друго, па неговиот тим се врати на плус седум (28-21) на три и пол минути до крајот. Тука беше крајот на овој меч.

Во следното коло, Пелистер е домаќин на Алборг, мечот се игра на 28. овој месец.

ПретходноКаква „бомба“ на Филип Кузмановски (ВИДЕО)
СледноЃоковиќ го потврди настапот и на Мастерсот во Мајами