Има 110 килограми: Противниците не сакаат да се борат со неа (ВИДЕО)

300

Бразликата Габи Гарсија (38) по шестгодишна пауза се враќа во светот на боречките вештини. Станува збор за борец кој има скор од 6:0 во ММА спортот, но моментално ниту една жена борец не е заинтересирана за меч со неа. Имено, Габи е 187 сантиметри и 110 килограми. Останатите борци сметаат дека Гарсија е преголема и дека нема смисла да се борат со неа.

Гарсија во последните години стигна до црн појас од трет степен во БЏЏ, а деновиве објави дека се враќа во ММА. „Габи Гарсија се враќа во спортот ММА и во борбата за титулата во тешка категорија“, напиша таа на Инстаграм. Гарсија е шесткратна светска шампионка во БЏЏ, а има црн појас и во џудо.

Бразилските медиуми еднаш напишаа дека нејзиниот сопруг ја малтретирал и таа имала физичка пресметка со него. Четири од шест борби во ММА завршија со предавање на противничката, а таа двапати победи со нокаут. Поради висината и тежината не успева да добие шанса на големи промоции, па главно се бори во Јапонија.

ПретходноЧави: Заслуживме повеќе!
СледноЗекири: Со тимска игра можеме до изненадување против Естонија!