Митревски и Порто поразени кај Барса, ПСЖ го „растури“ Келце

163

Никола Митревски и Порто го претрпеа деветтиот пораз сезонава во групната фаза од Лигата на шампионите. На гостувањето кај фаворитот Барселона, Порто беше поразен со 40:33 во меч во кој Митревски успеа да реализира шест одбрани, кои не успеаја да му донесат подобар резултат на неговиот тим.

Барселона денеска ги имаше Абељо и Ричардсон кои постигнаа по 7 гола и беа најдобри реализатори кај Каталонците, кои со оваа победа се вратија на врвот на табелата пред Магдебург.

ПСЖ со една доминантна партија го „растури“ Келце. Момците на Раул Гонзалес вечерва на домашен терен славеа со високи 35:26 и ја запишаа седмата победа со која го претркаа Келце на третото место на табелата.

Претходно и Телеком Веспрем славеше на средбата со ГОГ со 34:31.

ПретходноЧаби Алонсо: Сега сум во Баер, за во иднина ќе видиме
СледноДобра вест за Анчелоти: Ридигер се врати на тренинг