Скопје и Парк склучија „пакт“ за посилни младински екипи

2625

Второлигашот Скопје од Автокоманда и фудбалската академија „Парк“, склучија договор за соработка, со што двете страни во иднина со заеднички сили ќе настапат во младинските лиги на ФФМ и турнирите на кои ќе се учествува.

Со овој договор академијата на Сергеј Самсоненко која ја вода Ѓорѓи Христов и Саше Милошевски најдоа решение околу тоа како и на кој начин нивните млади фудбалери ќе се натпреваруваат низ постоечкиот систем на ФФМ. За да се натпреваруваат кадети и млaдинци секој тим мора да има и сениорска екипа.

ФК Скопје и Академијата „Парк“, се надеваат на голем успех во иднина и видни резултати од нивната заедничка соработка. Со овој потег и младинските екипи на тимот од Автокоманда влегува во поорганизиран и попрофесионален пристап кон фудбалскиот развој на младите таленти.

ПретходноЛоша вест за Барселона, Левандовски си оди на крајот на сезоната?
СледноМајсторот останува мајстор: Погледнете што прави Роналдињо! (ВИДЕО)