Трансфермаркт: Влајковиќ од Струга ТЛ е најскапиот играч во ПМФЛ, Шкендија неприкосновена кај клубовите!

4342

Зимскиот преоден рок во нашата ПМФЛ заврши пред десет дена. Можеше и нешто подоцна да се регистрираат играчите, но сега откако завршија сите рокови “СпортСпорт“ по традиција ги објавува, се разбира според “Трансфермаркт“, играчите кои се најскапи или највредни, а и правиме табела на клубовите по својата вредност.

Во овој пролетен дел од сезоната во ПМФЛ најскапиот играч го има Струга ТЛ, а тоа е Никола Влајковиќ кој според специјализираниот сајт за вредност на играчите, вреди 700.000 евра. Значи кај нас нема играч што вреди милиони евра, како што некогаш тоа беше случај.

По Влајковиќ највредни се, со по 600.000 евра, Ералдо Чинари (Шкендија) и Ијаји Атиемвен (Гостивар).

Подолу ќе можете да ги видите сите 30 играч од ПМФЛ кои се со вредност од 300.000 евра па нагоре. Шкендија е најбројна со 10 играчи, значи 1/3 од нив се членови на тетовските “црвено – црни“.

ТАБЕЛА – ИГРАЧИ

700.000 евра:

Никола Влајковиќ (Струга ТЛ)

600.000 евра:

Ералдо Чинари (Шкендија), Ијаји Атиемвен (Гостивар)

500.000 евра:

Клисман Цаке (Шкендија), Аденис Шаља (Шкендија)

425.00 евра:

Берат Калкан (Гостивар)

400.000 евра:

Енур Тотре (Шкендија), Иван Ивановски (Гостивар), Арби Воша (Шкупи), Марјан Радески (Струга ТЛ), Марко Ѓорѓиевски (Силекс), Алекса Марушиќ (Воска), Марјан Ристовски (Вардар)

350.000 евра:

Бруно Дита (Шкендија), Ендрит Красниќи (Шкендија), Роналдо Вебстер (Шкендија), Халид Лвалива (Брегалница)

300.000 евра:

Давор Талески (Шкендија), Решат Рамадани (Шкендија), Алмир Аганаспахиќ (Шкендија), Адаму Алхасан (Гостивар), Ланре Кехинде (Гостивар), Ведран Ќосевски (Струга ТЛ), Бесмир Бојку (Струга ТЛ), Игор Алексовски (Работнички), Марко Алчевски (Брера), Ѓорѓие Јанкулов (Брера), Обрахим Олаосебикан (Брера), Урош Стамениќ (Брера), Адама Самаке (Македонија ЃП).

ШКЕНДИЈА И НАТАМУ СО НАЈГОЛЕМА ВРЕДНОСТ

Рековме веќе, Шкендија има најмногу играчи во тие 30 кои се најскапи во ПМФЛ, дури десет, а Шкендија и како клуб со вкупно 5,55 милиони е највредна, кога ќе е собере вредноста на сите играчи во тој клуб.

May be an image of 13 people, people playing soccer, people playing football and text

Следува Гостивар со 4,34 милиони, па Шкупи со 4,33 милиони, а тука е и шампионот со 4,26 милиони евра.

Вардар е претпоследен со 3,03 милиони а со најмала вредност е Тиквеш со само 2,65 милиони евра.

Или вкупно ПМФЛ вреди 44.087.000 евра.

ТАБЕЛА – КЛУБОВИ

1.Шкендија 5,55 милиони евра

2.Гостивар 4,34 милиони евра

3.Шкупи 4,33 милиони евра

4.Струга ТЛ 4,26 милиони евра

5.Работнички 3,93 милиони евра

6.Брера Струмица 3,80 милиони евра

7.Брегалница 3,44 милиони евра

8.Силекс 3,29 милиони евра

9.Македонија ЃП 3,20 милиони евра

10.Воска 3,09 милиони евра

11.Вардар 3,03 милиони евра

12.Тиквеш 2,65 милиони евра

ВКУПНО: 44.087.000 евра

ПретходноОва се клубовите кои го сакаат Модриќ во своите редови!
СледноТрајковски ќе ја претставува Македонија на СП во Глазгов! (ФОТО)