Чаби Алонсо: Сега сум во Баер, за во иднина ќе видиме

228

Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо изјави дека нема „ништо ново да каже“ во врска со шпекулациите за негова преселба во Баерн Минхен или Ливерпул.

Ливерпул е во потрага по менаџер откако Јирген Клоп објави дека ќе го напушти клубот на крајот на сезоната, а Баерн наскоро ќе ја започне својата потрага откако се согласи да се раздели со Томас Тухел, исто така на крајот од сезоната.

Медиумите шпекулираат дека Алонсо е најсериозен кандидат за тренер на двата клуба.

„Можеби имате прашања за мојата иднина. Немам што да кажам за тоа. Сакам да го кажам тоа однапред, пред да почнете да ме прашувате“, рекол Алонсо на прес-конференцијата пред натпреварот против Мајнц.

„Сега сум тука и тоа е сигурно. Немам ништо ново да кажам за иднината, ќе видиме“, додаде поранешниот играч на Баерн и Ливерпул.

ПретходноСтарт за во затвор: Страотен прекршок на меч од Азиската ЛШ (ВИДЕО)
СледноМитревски и Порто поразени кај Барса, ПСЖ го „растури“ Келце