Белингем се враќа на терен за мечот со Валенсија на 2 март

70

Суперѕвездата на Реал Мадрид, Џуд Белингем, ќе се врати на теренот по повредата на зглобот што ја заработи против Џирона на 10 февруари.

Повредата се покажа како доста сериозна и првично клубот објави дека Англичанецот ќе паузира неколку недели.

Тој ги пропушти последните два натпревари на Реал и нема да игра против Севиља овој викенд, но според „Марка“ би требало да биде на располагање за дуелот со Валенсија на 2 март на крајот на следната недела.

Пред тоа, Реал очекува тој да продолжи со вообичаените тренинзи и да биде во оптимална состојба за реваншот против РБ Лајпциг во Лигата на шампионите на 6 март.

ПретходноКривањева пред утрешното дерби: Респект за Шкупи, но ние сме шампиони и одиме на победа!
СледноНагелсман: Германија ќе атакува најмалку на полуфинале на ЕП 2024