Кошаркарите на Србија на домашен терен ја совладаа Финска со 77:61 во првото коло од квалификациите за Евробаскетот 2025. Србите се мачеа во првото полувреме, но во второто се разигра и победи. Најрасположен беше Митровиќ кој го заврши мечот со 19 поени и девет скокови, а Аврамовиќ постигна 18.
А Хрватите тргнаа со пораз на гостувањето кај Франција (61:73). Французите ја оправдаа улогата на фаворити, а Хрватите ниту еднаш сериозно не го загрозија ривалот. Најдобар кај Хрватска беше Хезоња со 22 поени. Французите ги предводеше Луваву-Кабаро со 15 поени.
На другите натпревари: Грција-Чешка 72:64 , Велика Британија-Холандија 98:94.