Кривањева пред утрешното дерби: Респект за Шкупи, но ние сме шампиони и одиме на победа!

176

Утре во Струга со почеток од 14 часот се игра супер – дербито на 20.коло во ПМФЛ меѓу актуелниот шампион и актуелниот лидер. Значи силите ќе ги одмерат Струга ТЛ и Шкупи. Во пресрет на ова коло чаирчани се лидери на табелата со еден бод предност. Со победа на ова дерби стружани се враќаат на првата позиција.

Во пресрет на овој меч Бесарт Кривањева, еден од клучните играчи на шампионот и еден од најдобрите дефанзивци во ПМФЛ со свој коментар:

“Минав 4,5 години во Шкупи, најголем период од мојата кариера. Сепак тоа е минато, сега сакам и тоа како мојата Струга ТЛ да победи. Респект за чаирчани, имаат добар тим, моментално се лидери, но ние сме шампиони и одиме на победа. Ова ќе биде важен натпревар и за двете екипи. Играме дома, можеби сме во мала предност, но на вакви големи дерби мечеви тоа не игра којзнае каква улога.  Ние мора да одиграме максимално, најдобро што можеме, само така можеме да се надеваме на освојување на трите бода“ рече покрај другото Бесарт Кривањева.

ПретходноРаботнички се засили со Турчинка и Американка за битка за одбрана на двојната круна
СледноБелингем се враќа на терен за мечот со Валенсија на 2 март