Романија пред полни трибини ќе ја пречека Македонија

758

Македонската ракометна репрезентација за време на ЕХФ неделата која е закажана за средината на месец март ( 11.03 – 17.03.2024 ), ќе одигра два пријателски натпревари против Романија, како дел од погдотовките за бараж мечот со Ф.Острови за пласман на СП 2025 година.

Она што е доста интересно што за овие средби Романците во градот Браила на 15-ти и 16-ти март 2024ќе имаат максимална поддршка за трибините, билетите веќе се распродадени. Романците сакаат да го видат националниот тим по водство на новиот селектор Георге Буричеа кој дојде на местото на Хавиер Пасквал.

„Сите билети за натпреварот во Браила веќе се продадени“, изјави претседателот на романската федерација Константин Дин. 

РФМ ги објави и останатите активности на нашите селекции. Машката јуниорска репрезентација во рамки на подготвителниот период за претстојното ЕП М20 2024 во Словенија, за време на ЕХФ неделата ќе биде домаќин на селекција на Хрватска и ќе одигра два натпревари во Скопје на 15-ти и 16-ти март 2024.

Машката кадетска репрезентација во пресрет за претстојното ЕП М18 2024 во Црна Гора за време на ЕХФ неделата ќе гостува во Црна Гора и со кадетската селекција на Црна Гора ќе одигра два контролни натпревари на ден 14ти и 15-ти март.

Добро е познато дека женската ракометна репрезентација игра против Шпанија во рамките на квалификациите за пласман на ЕП 2024 година.

ПретходноЛК – 1/8 финале: Ристовски и Динамо на мегдан со грчки ПАОК!
СледноЈончевски го одбра составот за Естонија!