Светислав Пешиќ ќе го води новиот евролигаш од Дубаи

428

Во понеделник е клучниот состанок во Евролигата на кој 13-те клубови кои се сопственици на натпреварувањето ќе одобрат влез на Дубаи од следната сезона, а според информациите ќе платат повеќе пари од најпрво споменати (по еден милион долари за секој клуб во следните пет сезони) и ќе играат повеќе сезони (седум наместо пет)

Дополнително, според неофицијални информации, одлучено е нивен тренер да биде Светислав Пешиќ, кој ќе ги води во АБА лигата и Евролигата, а истовремено ќе работи и во репрезентацијата на Србија.

Нема многу информации за новиот клуб од Емирати, кој го „создаде државата“ за да ја популаризира кошарката, но јасно е дека уште на старт ќе имаат голем буџет и ќе се обидат да „нападнат“ бројни познати играчи од Евролигата.

Според неофицијални информации Дубаи ќе потпише седумгодишен договор со Евролигата и ќе донесе „куфери пари“ со нови спонзори. За „влегувањето“ на Дубаи засега протестираа само Олимпијакос и Макаби, уште два клуба се неутрални, додека останатите се со нив.

Наскоро се очекува и официјализирање на „влегувањето“ на Дубаи во АБА-лигата, каде што ќе платат учество, а наводно ќе играат во Белград.

ПретходноСите детали за трансферот на Мбапе во Реал
СледноФото вест: Захариевски почна да им црта во Воска – момци, вака ќе играме!