Јончевски го одбра составот за Естонија!

545

Селекторот Александар Јончевски се одлучи со кои 12. кошаркари ќе ги стартува новиот циклус од евро-квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2025 година. Не денешната средба против Естонија (19 часот) во салата „Кале“ во составот нема да бидат Амар Хот и Марин Петков.

Двајцата остануваат дел од тимот, и ќе конкурираат и за наредниот натпревар во овој февруарски ФИБА „прозорец“, односно дуелот со репрезентацијата на Полска, закажан за 26. февруари во Сосновиец.

Ова значи дека Ненад Димитријевиќ, Војдан и Дамјан Стојановски ќе биде водечката тројка во нашиот тим.

Одбра и естонскиот селектор, надвор од тимот во Скопје ќе бидат Кирвес и  Буклер

Јука Тоијала, селекторот на Естонија, исто така донесе одлука со кои 12 кошаркари ќе игра вечерва во Скопје против нашиот најдобар тим.

Искусниот стручњак, кој е долги години на клупата на естонската репрезентација, се реши од играчите кои допатуваа во нашиот главен град, надвор од тимот да бидат Микел Кирвес и Лемет Буклер, еден од најмладите во противничката селекција.

А своите минути во СРЦ „Кале“, ќе ги чекаат: Март Росентал, Сандер Раиесте, Каспар Трејер, Мик Јуркатам, Матијас Тас, Слим Сандер Вене (капитен), Малик-Калев Котцар, Каспер Сурог, Јанари Јесар, Јонас Рисма, Артур Коноцјук и Кристиан Куламае.

ПретходноРоманија пред полни трибини ќе ја пречека Македонија
СледноКошаркарите и федерација му подготвија изненадување за Ненад Димитријевиќ (ФОТО)