Јончевски: Поразот од петте поени ни даваат надеж за ЕП

975

Македонската кошаркарска репрезентација не успеа да го направи најважниот чекор за враќање на европската карта после долго време, на домашен терен по голема борба, но и пад во решавачките минути беше совладана од Естонија со 69-74. Оваа земја повторно излезе кобна за нас, истото се случи и во претходниот квалификациски циклус.

Селекторот на националниот тим, Александар Јончевски не губи надеж, верува дека Македонија се уште има шанса да дојде до пласман на ЕП 2025.

„Одигравме добро прво полувреме, ја контролиравме играта. На стартот на третата четвртина го свртеа резултатот со многу контакт, Естонците беа подобри во офанзивни скокови, ги контролираат тие промашени шутеви и реализираа. Им кажав на момците дека има добра енергија, одговорија добро на овој тежок меч, не беше ништо поразлично од претходниот меч. Петте поени ни дававаат надеж дека можеме да се пласираме на Европското првенство, разликата не е преголема, а во тимот за следниот февруари ќе го имаме и Андреј Јакимовски“, изјави Александар Јончевски.

Предводникот истакна дека жали што не успеале да ја наградат публиката со победа.

„Искрено жалам што оваа публика не дочека радост од нас, заедно да славиме победа. Ме радува што имаше голем број на гледачи, многу млади лица, тоа ме радува затоа што желбата да се види Македонија на дело е ретка во последно време, но овојпат салата се исполни до последно место. Жалам што не победува, но имаше позитивна енергија и дека оваа селекција може да донесе радост во иднина.

ПретходноЕстонија не „скамени“ среде Скопје (ФОТО)
СледноДимитријевиќ: Почувствував силен грч, прв пат сезонава и тоа баш вечерва