Интер две недели без Маркус Турам

70

Фудбалерот на Интер, Маркус Турам ќе биде надвор од терените најмалку две недели поради повреда на десниот бутен мускул, пренесуваат италијанските медиуми.

Интер соопшти дека Турам се повреди пред два дена на првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид (1:0).  Во соопштението не се наведува колку време францускиот фудбалер ќе мора да паузира, но се нагласува дека во наредните денови ќе ги направи дополнителните лекарски прегледи.

Италијанските медиуми пренесуваат дека фудбалерот на Интер ќе ги пропушти натпреварите против Лече, Аталанта, Џенова и Болоња во Серија А, но треба да биде подготвен за реваншот од осминафиналето против Атлетико, закажан за 13 март во Мадрид.

ПретходноЈокиќ за историја: Трипл-дабл против секоја екипа со која играл во НБА (ВИДЕО)
СледноНено денеска слави роденден и посакува победа над Естонија: Подготвени сме!