Кошаркарите ќе играат пред полни трибини, билетите се распродадени!

296

Билетите за натпреварот Македонија – Естонија во рамки на квалификациите за Евробаскет 2025 се распродадени, известија од КФСМ. Мечот стартува во 19 часот, а вратите за сите оние кои ќе дојдат да ги бодрат кошаркарите ќе бидат отворени во 18 часот.

„Вратите на СРЦ Кале, за сите оние кои успеаја да купат билет, ќе бидат отворени од 18:00 часот. Натпреварот започнува во 19:00 часот.

Ве замолуваме навремено да се упатите кон СРЦ Кале. Паркингот на спортскиот центар е со ограинчени места, ве замолуваме да ги искористите и околните паркинг капацитети“, порачаа од КФСМ.

Овој натпревар ќе го одреди и текот на овие квалификации, победа ќе значи дека Македонија е на половина пат до ЕП 2025 година.

ПретходноИ официјално: Енди Шмид е нов селектор на Швајцарија!
СледноСите детали за трансферот на Мбапе во Реал