Стефан Ристовски и Динамо Загреб за ривал во осминафиналниот двомеч во Лигата на Конференции го добија тимот на ПАОК од Солун.
Така сакаше ждрепката денеска во Нион.
Секако дека тоа е незгоден ривал, но ако Стефан и “модрите“ можеа да го минат Бетис во плеј – офот за пласман во осминафиналето, тогаш може да се очекува нов подвиг од хрватскиот гигант. Првиот меч се игра на “Максимир“ во Загреб.
ДВОЈКИ ЗА 1/8 ФИНАЛЕТО
СЕРВЕТ – ПЛЗЕН
АЈАКС – АСТОН ВИЛА
МОЛДЕ – БРИЖ
УНИОН СГ – ФЕНЕРБАХЧЕ
ДИНАМО ЗАГРЕБ – ПАОК
ШТУРМ – ЛИЛ
МАКАБИ ХАИФА – ФИОРЕНТИНА
ОЛИМПИЈАКОС – МАКАБИ ТЕЛ АВИВ
Инаку мечевите од оваа фаза во Лига Конференции се закажани за 7 и 14 март. Во секој случај се очекуваат интересни дуели.