Македонските каратаисти претстојниов викенд во Подгорица ќе настапат на Балканското првенство. Во селекцијата која замина за Црна Гора се најдоа дури 21 каратист.
Во женска конкуренција боите на Македонија ќе ги бранат Теодора Цветковска, Михаела Мишовска, Марија Петковска, Симона Заборска, Викторија Јовановска, Вероника Костовска, Јована Мицовска и Ангела Мојсовска, додека кај мажите репрезентативниот список го сочинуваат: Вахик Весели, Емил Павлов, Давид Петков, Димитар Лозаноски, Петар Заборски, Михајлов Љупче, Мурсел Мисини, Петар Спасеновски, Витомир Трајковски, Данило Божовиќ и Вегим Мурати.
Македонија ќе се престави и во тимските натпревари во кумите и во двете конкуренции.
На Балканското ќе настапат 275 каратисти од 13 држави.