Нема запирање – Леверкузен впиша нова победа и е на +11 од Баерн

177

Баер Леверкузен продолжи со успешните настапи во Бундес лигата, а вечерва во рамките на 23 коло го совлада Мајнц со 2:1 и ја зголеми разликата во однос на Баерн на +11. Баерн по двата едноподруго порази ќе мора да победи против Лајпциг ако сака да го одржи чекорот во спротива шансите за титулата ќе ги сведе на минимум.

Луд гол на Гранит Џака! (видео)

Баер поведе со прекрасниот гол на Гранит Џака во 3 минута. Сепак, Мајнц изедначи во 8.минута преку Кор. Резултатот не се смени се до 68 минута кога Роберт Андрих го погоди голот на противникот. Тоа всушност беше голема грешка на противничкиот голман кој ја испушти топката и таа заврши во мрежата.
Последните 10 минути Мајнц ги играше со фудбалер помалку поради црвен картон на Нганкам.
Мајнц е претпоследен на табелата.

ПретходноПарада на политичари и кандидати за претседатели на Македонија во „Кале“ (ФОТО)
СледноНагелсман: Репрезентацијата на Германија долги години се движи надоле