Македонската кошаркарска репрезентација вечерва во СРЦ „Кале“ (19 ч.) го започнува новиот циклус од квалификациите за Евробаскетот 2025. Прв ривал е селекцијата на Естонија, а избраниците на селекторот Јончевски ја кројат тактиката за првиот меч.
Еден од нашите главни адути ќе биде Ненад Димитријевиќ, кој денеска го прославува својот 26. роденден. Кошаркарот на Уникс Казан кој блеска вод ресот на рускиот тим оваа сезона, во пресрет на вечерашниот дуел со Естонците вели:
„Ги знаеме добро Естонците, тие се силна репрезентација со играчи од Евролигата, но мислам дека ќе бидеме подготвени. Не сакаме да ставаме голем притисок за тој прв меч, затоа што потоа има уште пет меча. Знаеме дека е важно да се победи дома и ќе направиме се за да победиме. Очекувањата на навивачите прават притисок, некогаш се и нереални. Но нивната поддршка треба да ја почувствуваме токму како поддршка за нас.“
Честитка за роденденот на Нено ќе биде победа вечерва против Естонија, а честитки стигнаа и од неговиот клуб Уникс Казан.
View this post on Instagram