Парада на политичари и кандидати за претседатели на Македонија во „Кале“ (ФОТО)

648

Меѓу бројните навивачи во салата „Кале“, изненадувачки се појавија голем број на јавни личности и тоа од политиката. Како се ближат изборите, така дел од нив го користат секој момент да се промовираат и да ги придобијат симпатиите на јавноста.

Од министри, до политичари и кандидати за претседатели на државава, вечерва видовме во Вип-ложата на дуелот меѓу Македонија и Естонија во рамките на квалификациите за пласман на ЕП 2025 година.

Дел од нив можеби после изборите нема да ги видиме на следните спортски мечеви особено ако не дојдат на функција, а дел од нив веќе сме навикнати да ги гледаме особено на кошаркарските натпревари, како првиот човек на Аеродром, Тимчо Муцунски.

Инаку парадата на политичари ја сочнуваат Стевчо Јакимовски, Оливер Спасовски, Максим Димитриевски…

ПретходноДимитријевиќ: Почувствував силен грч, прв пат сезонава и тоа баш вечерва
СледноНема запирање – Леверкузен впиша нова победа и е на +11 од Баерн