Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, истакна дека еден од приоритетите на Милан до крајот на сеозната ќе бид еосвојувањето на Лигата на Европа.
„Сакаме да се обидеме да го освоиме трофејот во Лигата на Европа, тоа е очигледно. Доживувавме позитивен момент во првенството, но во неделата застанавме. Сакаме да го потврдиме нашиот моментум и да се обидеме да ги стигнеме оние пред нас, особено Јувентус. Во Лигата на Европа сигурно ќе се соочиме со силен тим во осминафиналето и нема да биде лесно без разлика кој ќе го добиеме. Но, и тие, исто така, нема да бидат среќни што ќе се сретнат со тим како Милан“, рече Пиоли, пред денешната ждрепка во Нион.