Полувреме: Македонија ја „држи“ под контрола Естонија

591

Македонската кошаркарска репрезентација по првото полувреме против Естонија во рамките на квалификациите за ЕП 2025 води со 43-36. „Црвено-жолтите“ играат пред полни трибини, картите беа распродадени неколку часа пред мечот, па убаво е да се слушне навивање барем кога станува збор за кошарката.

Димитријевиќ има 16 поени, Хап има 12.

Со Димитријевиќ во составот, Американецот Хап, но и расположениот Ѓуроски, нашиот тим изгледа многу поинаку.

По неколку промени на водството, Македонија со серија од 8-0 поведе со 16-10 во петтата минута. Две тројки даде Нено, два поени Хап и две блокади. Следеше период на грешки во нашиот табор, претежно загубени топки, доволно за да Естонија се разбуди и со девет поени во низа да го врати водството (16-19). Хап со четири поени и блокада донесе минимални 20-19 по првата четвртина.

Нашите кошаркари со мини серија поведоа со 25-20, Хап се покажа како вистинско освежување и во нападот и во одбраната. Не бевме константни и без реализација во нападот. Среќа што и Естонија беше на ниво на задачата, успеа само да дојде на 25-24. Димитријевиќ со тројка зголеми на 28-24, а потоа Ѓуроски на 31-26. Гостите се вратија на 33-32 давајќи до знаење дека нема лесно да се откажат. Ѓуроски погоди нова важна тројка, Нено со два плус ден зголеми на плус девет (41-32) на нецела минута до крајот. На полувремето резултатот е 43-36.

ПретходноФудбалер на КПР осуден на затворска казна
СледноСловенија пред Норвешка и Австрија на ски-скоковите во Оберсдорф