Поранешен селектор на Кина и фудбалер на Евертон осуден на доживотен затвор

1086

Поранешниот фудбалер на Евертон, кинескиот интернационален Ли Тај, е осуден на доживотен затвор откако признал дека дал мито и местел натпревари.

Обвиненијата се однесуваат на времето кое Ли го помина како селектор на Кина меѓу 2019 и 2021 година. Кинескиот јавен обвинител го обвини Ли за „примање и нудење мито“ во акцијата за борба против корупцијата во фудбалот.

Ли е осуден на доживотен затвор за неговата улога во скандалот. 46-годишниот екс-фудбалер на Евертон признал дека платил 330.000 фунти мито за да стане селектор на кинеската репрезентација. Тој, исто така, призна дека играл улога во скандал со наместени натпревари за да добие унапредувања.

ПретходноВтор Супер Милионер Џекпот во февруари: Играч на ВЛТ освои фантастични 20.555.130 денари
СледноЏон Гилон е ново засилување за МЗТ Скопје А.