Потег за поздрав: Сите приходи од продадените билети, КФСМ ќе ги донира за лекување на Леонид

493

Македонската кошаркарска федерација се приклучи во акцијата за собирање на средства потребни за лекување на Леонид Индов. Од федерацијата потврдија дека целиот приход од продадените билети ќе биде наменет за лекување на 18-годишниот Леонид, потег кој е за поздрав.

„Комплетниот приход од продадени влезни билети од натпреварот Македонија-Естонија, кој се игра вечерва во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, ќе биде насочен како донација за понатамошно лекување на 18. годишниот Леонид, со надеж за негово што поскоро закрепнување“, известија од КФСМ.

Натпреварот меѓу Македонија и Естонија е закажан со почеток во 19 часот.

ПретходноФото вест: Захариевски почна да им црта во Воска – момци, вака ќе играме!
СледноРаботнички се засили со Турчинка и Американка за битка за одбрана на двојната круна