РФМ ги отвори вратите за мечот меѓу Македонија и Шпанија

191

Македонската ракометна репрезентација во недела стартува со мини-подготовките за квалификациските средби против Шпанија за пласман на ЕП 2024 година. Нашите девојки имаат две победи во исто толку одиграни натпревари и веќе се на добар пат да го заверат билетот за континенталното натпреварување.

Нов предизвик за „црвено-жолтите“ во овие квалификации е фаворитот Шпанија. Првата средба се игра на 29 овој месец во СЦ „Борис Трајковски“, а РФМ одлучи влезот да биде бесплатен. На овој начин сите љубители на ракометот ќе можат да им дадат поддршка на ракометарките за тешкиот предизвик против Шпанија.

Македонија и Шпанија се без пораз во групата 5, нашите девојки славеа против Азербејџан и Литванија.

Претходно„Бомбата“ на Филип Кузмановски, ЕХФ ја смести во Топ 5 (ВИДЕО)
СледноЛК – 1/8 финале: Ристовски и Динамо на мегдан со грчки ПАОК!