Сите бои на Македонија (ФОТО)

316

После долго време, трибините за еден кошаркарски натпревар на националниот тим беа исполнети. Вечерва салата „Кале“ беше во знакот на „црвено-жолтата“ боја, вечерва во салата „Кале“ се навиваше, на момент како старите добри времиња кога овој спорт беше во подем. Да, салата е помала, но исполнета со вистински поддржувачи на овој спорт.

На трибините ги имаше и најискрените фанови – дечињата. Беа голем број, сите со знамиња направија посебна атмосфера. Но, за жал, нивната желба не се исполни, кошаркарите не успеаја да ја искористат поддршката од трибините, беа покуси за пет поени против Естонија, кои подоцна можат да бидат пресудни за крајнсиот исход – пласман на ЕП 2025 година.

ПретходноКвалификации за ЕП: Србите убедливи, Хрватска загуби од Франција
СледноБолоња по 57 години запиша пет победи по ред во Серија А