Утре и задутре се играат натпреварите од 20.коло во ПМФЛ во тековната сезона. Одредени се о судиите, па така на супер – дербито во Струга каде се среќаваат Струга ТЛ и Шкупи, главен судија ќе биде Димитар Пилешков од Штип.
Во дербито на дното, во кое се среќаваат Вардар и Брегалница, правдата ќе ја дели Стојанче Трпчевски од Кавадарци.
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 20.КОЛО – НЕДЕЛА (14 Ч)
Вардар – Брегалница: Стојанче Трпчевски (Кавадарци)
Тиквеш – Работнички: Александар Ставрев (Скопје)
Воска – Силекс: Ндерим Тефику (Куманово)
Брера – Македонија ЃП: Александар Грујоски (Кичево)
Шкендија – Гостивар: Марјан Младеновски (Скопје)
САБОТА:
Струга ТЛ – Шкупи: Димитар Пилешков (Штип)