Јокиќ за историја: Трипл-дабл против секоја екипа со која играл во НБА (ВИДЕО)

612

Кошаркарите на Денвер утрово го победија Вашингтон со 130:110, во натпревар во кој српскиот центар Никола Јокиќ оствари трипл-дабл учинок и стана само третиот играч во историјата на НБА кој направил трипл-дабл против секоја екипа против која играл.

Јокиќ, кој шутираше 10/10 од поле, натпреварот го заврши со 21 поен, 19 скока и 15 асистенции и оствари трипл-дабл против 29-та екипа во лигата. Трипл-дабл на секој натпревар постигнаа само уште Леброн Џејмс и Расел Вестбрук.

Кошаркарите на Шарлот ја победија Јута со 115:107 и ја постигнаа четвртата последователна победа. Хорнетс ги предводеа Мајлс Бриџис со 26 поени и 14 скока и Грант Вилијамс со 24 поени.

Кошаркарите на Далас славеа во дервито со Феникс со 123:113 и ја забележаа седмата последователна победа. Лука Дончиќ го предводеше тимот до победата со 41 поен, 11 асистенции, девет скока и три украдени топки. Кајри Ирвинг постигна 29 поени. Во тимот на Феникс, Девин Букер постигна 35 поени со осум асистенции, а Кевин Дурент постигна 23 поени со шест скока.

Кошаркарите на Голден Стејт го победија Лос Анџелес Лејкерс со 128:110, предводени од Стивен Кари, кој имаше 32 поени, од кои шест тројки од 13 обиди. Тој додаде и осум асистенции, па со 6.000 асистенции стана осмиот играч во историјата на НБА со најмалку 23.000 поени и 6.000 асистенции, придружувајќи им се на Леброн Џејмс, Расел Вестбрук, Коби Брајант, Џејмс Харден, Оскар Робертсон, Џери Вест и Џон Хавличек.

Кливленд – Орландо 109:116
Индијана – Детроит 129:115
Филаделфија – Њујорк 96:110
Торонто – Бруклин 121:93
Далас – Феникс 123:113
Чикаго – Бостон 112:129
Њу Орлеанс – Хјустон 127:105
Оклахома – ЛА Клиперс 129:107
Денвер – Вашингтон 130:110
Јута – Шарлот 107:115
Голден Стејт – ЛА Лејкерс 128:110
Сакрамент- Сан Антонио 127:122

ПретходноКЛ: Олимпијакос го елиминираше Ференцварош, Белгијците го изненадија Ајнтрахт (Ф) (ВИДЕО)
СледноИнтер две недели без Маркус Турам