Џон Гилон е ново засилување за МЗТ Скопје А.

223

Американскиот кошаркар Џон Гилон (29 год, 183 см.) е најновото засилување за МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска потпиша договор со важност до крајот на сезоната.

Станува збор за искусен кошаркар кој игра на двете бековски позиции и кој треба да ја пополни празнината по прекинот на соработката на Седрик Расел. Гилон во Скопје доаѓа од Литванија, каде што настапуваше за прволигашот Пиено, а претходно играше за турска Дарушафака, унгарскиот тим Алба Фехервар и за две екипи од Тајван.

Во периодот помеѓу 2017 и 2019 година беше дел од три екипи од развојната Џи лига, а универзитетската кариера ја мина на три колеџи и тоа настапувајќи за Литл Рок, Колорадо стејт и за Сиракјуз.

Гилон се очекува неделава да пристигне во Скопје, каде што ќе има доволно време за аклиматизација со оглед на паузата во првенството. Неговото деби се очекува на средбата против Феникс закажана за 3 март.

ПретходноПоранешен селектор на Кина и фудбалер на Евертон осуден на доживотен затвор
СледноПиоли: Сакаме да ја освоиме Лигата на Европа