Аргентина закажа пријателски со Ел Салвадор и Нигерија

43

Светскиот шампион Аргентина во март ќе одигра пријателски натпревари против Ел Салвадор и Нигерија.

Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА) соопшти дека светските шампиони од 18 до 26 март ќе тренираат во САД. Аргентина на 22 март ќе игра против Ел Салвадор во Филаделфија, а четири дена подоцна во Лос Анџелес ќе ја пречека Нигерија.

Тамошните медиуми потсетуваат дека за Аргентинците овие натпревари ќе бидат подготовка за претстојниот Копа Америка кој е на програмата од 20 јуни до 14 јули во САД.

ПретходноЛЕ – 1/8 финале: Рома против Брајтон, а Ливерпул, Леверкузен и Милан против ривали по мерка
Следно„Бомбата“ на Филип Кузмановски, ЕХФ ја смести во Топ 5 (ВИДЕО)